ООУ „11 Октомври“ во четврток Ве повикува на Отворен ден во период од 14.00 до 16.00 часот. Настанот е предвиден во паркот пред училиштето каде ќе бидат сместени штандови од училишни предмети.
Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар да се запознаат со условите за работа во нашето училиште, начинот , методите и формите кои се применуваат во наставата, активности кои се одвиваат, проектите во кое е вклучено училиштето. Ќе има изложба на ученички трудови, ќе може да се погледнат учебниците кои се користат и друга дополнителна литература, доспапни ЦД со снимена емисија за воннаставни активности и изненадувања за посетителите.
Денот е наменет за идните ученици, но и можност за сите заинтересирани да дознаат за училиштето ООУ „11 Октомври“ и да се запознаат со наставниците.
Повелете, Ве очекуваме !

