III место на државен натпревар

На 9 април ( сабота) 2016 се одржа Државен натпревар за млади техничари на ниво на Република Македонија. Натпреварот се одржа во ООУ „Кочо Рацин“-Куманово. На натпреварот беа присутни учениците од 13 градови на Р. Македонија во придружба на своите ментори.

Пред почетокот на натпреварот хорот на ООУ„ Кочо Рацин“-Куманово ја испеа  химната на Р. Македонија. Потоа директорот  на ООУ„ Кочо Рацин“ им се обрати на присутните гости и им посака добредојде, а на натпреварувачите со нивните ментори им посака успех. По говорот на директорот се обрати градоначалникот на градот Куманово, отварајќи го натпреварот кој започна во 10 часот.

На Државниот натпревар учествуваше  ученичката Милена Ѓорѓевска од VII одд од ООУ „11 Октомври “ -Куманово од областа Фото техника и  освои III место. Таа се натпреваруваше во областа фото техника  со 13 натпреварувачи од 13 градови на Р. Македонија.  Прогласувањето и доделувањето на наградите беше многу свечено. На најдобрите кои освоија I,II и III место им беа доделени  златен , сребрен или бронзен медал. Ученичката Милена Ѓорѓевска од ООУ „11 Октомври “-Куманово освои III место  и освои бронзен медал.

Ментор : наставник Жаклина Митрушева