Работилница „Пријателство“ и работилница –истражување за Велигден и Бајрам

 

На 31 март 2016г. беа реализирани активности во ООУ„Јероним Де Рада “-с.Черкезе. При посетата на партнер-училиштето беа вклучени ученици ,наставници и родители.

Учениците учествуваа во две работилници на тема „Пријателство “ и истражување и творење за верските празници Велигден и Бајрам .

Распоредени во две училници, учениците од двете училишта ги покажаа своите творечки способности. На хамери твореа на тема пријателство и цртаа прекрасни цртежи кои беа симбол на детското пријателство. Во весела и креативна атмосфера создадоа прекрасни дела кои се дел од нашите училишни паноа.

И помалите ученици кои беа ангажирани во работилницата за истражување на верските празници Велигден и Бајрам, ги истакнаа своите афинитети кон творењето. Направија прекрасни хамери на кои ги претставија главните обележја на празниците при прославување. На тој начин дознаа и научија за прославување на празниците и за нивните симболи. 

Реализатори на активностите беа предметните наставници:Елизабета Тодоровска, Снежана Ристовска, Александар Стефановски и Бобан Ничевски. Несебична помош и поддршка дадоа педагогот Марина Павловска и наставникот Даниел Тренчевски.

12914832 10207569385425990 1142233610 o12915146 10207569322104407 1159895370 o12915296 10207569315944253 1095676523 o12919510 10207569291343638 245447294 o12922246 10207569382345913 350033417 o12946974 10207569290263611 286974858 o12947038 10207569313384189 1977137888 o12948597 10207569386666021 2110272273 o12952896 10207569362225410 2006126091 o12919488 10207569388066056 567074982 oслике