Во рамки на Проект за меѓуетничка интеграција во образованието во нашето училиште „11 Октомври“-Куманово на 24 март 2016 , беа реализирани „Игри без граници“ со ученици од трето и петто одделение . Игрите беа организирани и спроведени со ученици од партнер –училиштето „Јероним Де Рада “ од с.Черкезе –Куманово .
Училишната сала беше исполнета со детска смеа и игри која не познаваше граници. Игрите беа организирани од страна на наставниците од двете училишта. Натпреварувачкиот дух кај учениците и креативноста на наставниците беше присутен во текот на сите игри. По завршување на игрите учениците среќни и весели изјавија желба за понатамошни средби и игри.
Реализатори на активностите беа одделенските наставници од трето и петто одделение: Љубица Маневска , Дејана Алексовска, Живка Лазаревска, Драгица Цветковиќ и наставниците од партнер училиштето .



slike

