Училишен натпревар по англиски јазик Spelling bee

20160321 090631 800x450На 23 март по втор пат во нашето училиште се одржа училишниот натпревар по англиски јазик Spelling Bee. Натпреварот е инициран од Мировниот Корпус и се организира целосно на доброволна база. Ова е натпревар на кој учениците имаа за задача правилно да напишат 10 зборови без правописни грешки од претходно добиените листи со зборови.

Целта на натпреварот е потикнување и мотивирање на учениците за изучување на англискиот јазик, учење на нови зборови и нивно правилно пишување. Значен сегмент е и дружењето за време на подготовките и во текот на  натпреварот.

Организатори на училишните квалификации беа професорите по англиски јазик. На натпреварот учествуваа ученици од V дo IX одделение. Учениците покажаа солидни знаења и од вкупно 52 учесника 23 точно ги напишаа зборовите и ќе се натпреваруваат на регионалниот  натпревар кој ќе се одржи на 23 април. За својот вложен труд сите учесници добија благодарници за учество.

Честитки и многу успех за учениците кои се квалификуваа за учество на  регионалниот Spelling Bee натпревар. 

20160321 090647 800x45020160321 090656 800x450 220160321 091302 800x45020160321 091826 800x45020160321 093102 800x45020160321 093117 800x45020160321 100152 800x45020160321 100955 800x45020160321 103025 800x38320160321 103117 800x45020160321 103125 800x45020160321 103439 800x45020160321 103518 800x45020160321 103837 800x450слике