Еколошки активности по повод Денот на екологија во Д. Којнаре

По повод Ден на екологија на 21.03.2016 година во подрачното училиште „11 Октомври“ во Долно Којнаре беше спроведена еко акција во која учествуваа ученици од сите одделенија и нивните наставници. Учениците и наставниците работеа на чистење на училишниот двор и игралиштето кое се наоѓа во склоп на самото училиште, беше собрано целото ѓубре како што се пластични шишиња, хартија, отпадоци од храна итн. Учениците вредно работеа при што придонесоа за здрава и чиста животна средина. По завршувањето на акцијата учениците твореа на тема Екологија.

IMG 0792 800x600IMG 0794 800x600IMG 0799 800x600IMG 0804 800x600 800x600IMG 0797 800x473IMG 0801 800x747слике