Работилница по повод 8 Март во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција

Во нашето училиште на ден 4 март 2016 г., беше организирана работилница со ученици од нашето училиште и ученици од партнер –училиштето „Јероним Де Рада“ од с. Черкезе.

На работилницата учениците зеднички изработуваа честитики по повод 8 Март кои беа напишани на македонски и на албански јазик и изложени во холот на училиштето.

Беа изработени голем број на честитки и учениците работеа во пријатна и весела атмосфера, со желба за понатамошни зеднички средби. Активноста беше организирана во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието од предметни наставници Елизабета Тодоровска и Снежана Ристовска.

IMG 20160304 125849 640x480IMG 20160304 120343 640x480IMG 20160304 120437 640x480IMG 20160304 121246 640x480IMG 20160304 130009 640x480IMG 20160308 144017 640x480