Во рамки на проектот „Инклузивно училиште – среќни деца“, а по повод празникот на жената, во централното и двете подрачни училишта на 04.03.2016 година во траење од 10.30 до 13.30 часот, се одржаа работилници во кои учествуваа ученици од IV до IX одд., родители и наставници. На работилницата беа изработени 100 честитки. Дел од изработките ќе бидат подарени на неколку институции во градот и тоа: Градска бибиотека „Тане Георгиевски“, Центар за социјални работи, Трговски центар „Сума“ и други институции со кои училиштето соработува.
Целта на оваа работилница беше да се поттикне и развие креатвноста кај учениците и предизвикувањето на естетика и задоволство како и дружењето меѓу родителите, учениците и наставниците.
Со ветување за повторна средба испраќаме топли и искрени желби до сите мајки и жени на светот. Среќен 8 Март!
Одделенски наставници за реализација на проектот: Зорица Јакимовска, Љубица Маневска и Живка Лазаревска






