Интерен натпревар по повод Св. Валентин

20160212 130347 800x450Натпреварот за изработка на видео записи, кој се одржа на 12 февруари во подрачното училиште Д.Којнаре,  беше посветен на празникот Св. Валентин. Претставници од  IV и V одделение во парови изработија  видеа за Денот на вљубените, празник карактеристичен за земјите од англиското говорно подрачје.  Вакви активности преку кои учениците се запознаваат и среќаваат со различни култури и  празници  води кон развој на  интеркултурални вештини, ставови,  вредности и знаења а воедно потикнува ценење и почитување на различноста  како значаен сегмент при  учење на странски јазик.

20160212 121848 800x403Пред почетокот учениците проследија видео преку кое се запознаа со една од легендите за овој празник. Легендата раскажува дека Валентин бил свештеник во време кога владеел римскиот император Клаудиј II. Имераторот донел закон со кој им забранил на војници да се женат. Свештеникот Валентин не го почитувал законот и тајно ги венчавал војниците, иако тоа се косело со волјата на императорот. Откако императотот дознал свештеникот бил пикнат во затвор.

20160212 123827 800x549

20160212 123854 800x503

20160212 124111 800x45020160212 124736 800x450

 

Потоа, учениците се запознаа со иновативната алатка Dvolver и нејзините можностите преку кои на едноставен и забавен начин соработувајќи во парови изработија видеа на  лап-топчиња. Учениците се покажаа како успешни и оригинални креатори на своите online  изработки.

20160212 130202 800x450Жири комисијата составена вкупно од 3 ученика  заедно со професорката  Славица Стојчевска објективно  ги оценија видеата според однапред зададени критериуми. За најдобри беа прогласени  2 видеа изработени во пар од ученичките Мелани Георгиевска и Мила Николиќ и парот во кои членови беа Јован Лазаревиќ и Андреј Михајловски.


Сите учесници заедно со  жири комисијата  добија благодарници за учество, а за најдобрите имаше  награди.

20160212 125850 800x450

20160212 130359 800x45020160212 130219 800x45020160212 130445 525x800