Првачиња во посета на Домот за стари лица

Учениците од прво одделение на 24 декември заедно со своите одделенски раководители и професорката по англиски јазик го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто“. 

Photo 18

Претпразнично дечињата ги изненадија станарите во домот со изработените честитки од новогодишната работилница. Најмалите при нивната посета преку игра и песна им ги честитаа престојните новогодишните и божиќните празници и им посакаа уште долго да се среќаваат со нив. Детската насмевка и песна ги исполнија просториите на домот, а веселите лица на станарите го потврдија задоволството од присуството на дечињата.Се надеваме на почести посети на обострано задоволство во Новата година. Целта на посетата е промоција на грижа за стари лица и меѓусебно почитување.

Photo 02Photo 05Photo 07Photo 08Photo 09Photo 10Photo 16Photo 17
Photo 19Photo 88Photo 89Photo 90