Одбележување на Ден на дрво во Д.Којнаре

PC020042Учениците од подрачното училиште Д.Којнаре заедно со своите одделенски раководители во рамките на акцијата „Ден на дрво“ ја разубавија околината со 15 зимзелени садници бел бор. Акцијата беше успешно реализирана. Децата со големо задоволство ги насадија дрвцата и ветија дека во иднина ќе се грижат зa нивно растење. Покрај садење, дел од учениците учествуваа во еко-работилници за поттикнување на еко-свест. Беа изработени  еко-постери со  пароли за значењето на дрвјата и литературни творби кои ќе ги красат училниците. 

PC010022

PC020040PC060077PC010013PC010009PC010024PC020032PC010015PC010029PC060075PC060074PC060080PC020034PC010012