Одбележување на Денот на дрвото

Ден на дрвоИ оваа година, како и претходните години, учениците и наставниците од нашето училиште активно се вклучија во одбележување на Денот на дрвото „Засади ја својата иднина!” во среда (2.XII 2015 год.), која се организира со цел подигање на еколошката свест за чиста и здрава животна средина, а има и стопанско значење преку пошумување на оголени површини.

За реализирање на оваа акција во училиштето беа донесени 100 садници од бел бор. Дел од садниците беа однесени во подрачните училишта при ООУ „11 Октомври“ во с. Којнаре и во с. Речица за да бидат насадени во околниот двор. Во централното училиште во акцијата учествуваа ученици од V до IX одделение и сите наставници.

Еколошките активности беа од масовен карактер, се реализираа во различен облик. Освен садењето на садници, се спроведоа и следниве активности: чистење на училишниот двор, собирање на листови за компостирање, уредување на училниците и др. Учениците од IV и V одделение во своите училници твореа литературни и ликовни творби со еколошки теми и пароли.

20151202 102444 20151202 102451 20151202 102527 20151202 102611 20151202 102809 20151202 102820 20151202 102826 20151202 102840 20151202 103141 20151202 103308 20151202 103336 20151202 103348 20151202 103402 20151202 103406 20151202 103709 20151202 104431 20151202 104844 20151202 104858