„Библиотека на тркала“ во нашето училиште

kombe 2Библиотека на тркала е возило кое на креативен и оригинален начин е редизајнирано во подвижна библиотека. Тоа е катче кое е опремено со шарени и привлечни сликовници, аудио и дигитални книги, забавни математички игри и различни видови на ресусрси. Како дел од проектот „Со читање до лидерство“ библиотеката има за цел да поттикне, развива и негува љубов кон читањето од најмали нозе и да ги подобри јазичните вештини кај учениците од почетните одделенија.

Библиотеката на тркала која патува од мај 2014 на 3 ноември 2015 година пристигна и во дворот на нашето училиште. Учениците во придружба на нивните одделенски раководители го посетија карванот со книги. Во стимулативна атмосфера најмалите од нашето училиште читаа, предвидуваа што ќе се случи, дискутираа и со љубопитство ги следеа аудио-дигиталните книги.

12193843 1054000654651441 8769959151168312482 n12191500 1054000611318112 7703510593137353191 n12208607 1054000657984774 4773080332452962093 n12208385 1054000501318123 7049895397549028465 n12190037 1054000504651456 7885932994606928877 n20151103 122153DSCN0983DSCN0990grupna ZoricaDSCN0960Photo 0058grupa 120151103 123012

20151103 122308

karavan na kniga 1