ООУ „11 Октомври“ на 3ти мај организираше отворен ден. На повеќе штандови, кои ги изготвија професорите, учениците и нивните родители се презентираше секој предмет преку наставни средства, хамери, литература и креативни изработки од учениците, кои се значаен дел за успешно совладување и изучување на задолжителни и изборни предмети во нашето училиште. Учениците и наставниот кадар ги информираа заинтересираните ученици и нивните родители за упис, работењето на училиштето, функционирањето на службите и постигнатите успеси.
Денот беше наменет за идните ученици, но и можност за сите заинтересирани да дознааат за училиштето ООУ „11 Октомври“ и да се запознаат со наставниците. Им благодариме на сите посетители за нивниот интерес и време. Ве очекуваме и наредната година!





















слике

