Трето место на државен натпревар по Народна техника

drzaven natprevar tehnickoВо организација на Народна техника на Македонија и Сојузот за техничка култура, а со подршка на Министерството за образование и наука во ОУ„Блаже Конески“ на 29.04.2017 година се одржа 54-тиот државен натпревар по Народна техника.

За прв пат на овој настан беше присутен и Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јазбец со делегација од неговиот кабинет.

На натпреварот земаа учество повеќе од 900 ученици од основните училишта од Република Македонија кои освоиле први места на регионалните натпревари.

drzaven natprevar tehnicko 1

Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини: агротехника,автоматика, астрономија,астронаутика, бродомоделарство, воздухопловно моделарство, градежништво и архитектура, екологија, електроника, конструкторство, метеорологија, кино и видео техника, компјутеска техника, применета биологија, применета географија, применета математика, применета физика, применета хемија, радио техника, ракетно моделарство, роботика, сообраќајно моделарство и фото техника. Повеќе од сто ментори на учениците беа присутни на натпреварот. Комисии беа составени од наставници, универзитетски професори и соработници. Добиените дипломи се вреднуваат за стипендии што ги доделува Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

На натпреварот учествуваа и претставници од нашето училиште „ 11 Октомври “  со двајца натпреварувачи. Ученичката Мила Николиќ  од VI в се натпреваруваше во дисциплина градежништво и архитектура. Ученичката Милена Горѓиевска VIII г одд во дисциплина фото техника, каде освои  трето место. Честитки за ученичката и нејзината менторка   Жаклина Митрушева.