Упис на првачиња за учебна 2017/18

ООУ „11 Октомври“ ги известува родителите дека од 1.05.2017 ќе започне со упис на ученици за прво одделение. Законски обврзници се сите деца родени од 1.01. 20011 – 31.12.2011 и јануари 2012 (со мислење од педагог/психолог).

Родителите можат да ги запишат своите деца во просториите на училишетото секој работен ден. При уписот потребно е да се понесат следниве документи :

  •  извод (фотокопија) од матична книга на родените;
  • потврда дека детето е редовно вакцинирано;
  • потврда од матичен забар за редовни стоматолошки прегледи.