III место на ЕЛТАМ регионален натпревар

На 8 април (сабота) во 9.30 во просториите на ООУ „Христијан Карпош“ во Куманово најдобрите ученици од нашиот регион  зедоа учество на регионалниот напревар по англиски јазик за V и IX одделение. Главен организатор на натпреварот беше ЕЛТАМ ( Асоцијација на професори по англиски јазик) акредитирана од МОН.

По претходно солиден резултат од општинскиот натпревар (од 18ти март) каде освои  III место  ученикот Андреј Денковски повторно не израдува и освои III место на регионалниот натпревар.  Андреј Денковски е ученик од V одделение од подрачно училиште Д.Којнаре каде одд. раководител е Ивана Мишиќ Станојковска, а наставник по англиски јазик е Славица Стојчевска. 

Честитки за постигнатиот успех и му посакуваме среќа и одлични резултати на државниот натпревар во мај.

Резултатите од најдобрите ученици од регионалните натпревари се достапни на веб страната на ЕЛТАМ преку следниов линк  http://www.eltam.org.mk/articles/view/1ab59bee8fa8bbdb79edc7523ab39dd3