Новогодишно другарување
Во рамки на Проектот меѓуетничка интеграција во образованието, на 22 декември 2016 г., во нашето училиште беше реализирана работилница по повод Нова година. Во работилницата учествуваа ученици и наставници од нашето училиште и од партнер-училиштето „Јероним Де Рада“ од с.Черкези. Учениците заеднички направија хамери и честитки по повод Нова година кои ќе бидат дел од нашето пано во училиштето. Дружењето беше исполнето со радост и смеа, со многу желби за мир во светот, здравје, среќа и љубов во Новата 2017 година.











