Во рамки на предвидената програма на Детска организација, а по повод новогодишните празници, во централното и двете подрачни училишта, на 13.12.2016 год., од 11.00 часот до 13.00 часот, се одржаа работилници во кои учествуваа ученици од IV до IX одд., наставници и родители. Целта на оваа работилница беше да се поттикне и развие креативноста кај учениците и дружењето помеѓу родителите, учениците и наставниците.
На работилницата беа изработени 120 честитки и 50 украси. Дел од изработките ги разубавија холовите на училиштата, а дел ќе бидат подарени на неколку институции во градот и тоа: Домот за стари лица „Зафир Сајто“, Градската бибиотека „Тане Георгиевски“, Медицинскиот центар – одделение за деца и другите институции со кои училиштето соработува.
Работилницата заврши со искрени желби и честитки за подобра и повесела Нова 2017 година.










