На 14 декември учениците од нашето училиште ја проследија детската претстава „Волшебникот од Оз“. Претставата беше изведена од актерите од Театар – Куманово, а работена според истоимениот роман „Волшебникот од Оз“ на амеканскиот автор Франк Лајман Бау.
Присутните наставници, ученици и родители со задоволство го следеа настапот на Дороти (Сања Русеска), страшилото (Марко Трајковиќ), страшливиот лав (Александра Михајловска), лимениот дрвар (Мартин Лазаревски), волшебникот (Горан Илиќ) и лошата вештерка и добрата самовила во изведба на Кети Дончевска Илиќ. Соживеани со нивните улоги, актерите го привлекоа интересот на учениците и преку хумор и смеа успејаа да го задржат нивното внимание до крајот на претставата.






