Во почеток на месец декември нашите ученици беа дел од свечената манифестација „Пат околу светот“ во рамки на проектот „Моќно образовно партнерство“, која се одржа во Народен театар – Куманово. На манифестацијата зедоа учество ученци од второ до деветто одделение кои се претставија со неколку музички точки. Во подготовка на точките и реализација на изведбите активно учествуваа наставници и волонтери од нашето училиште. Приредбата беше посетена од голем број родители, ученици, наставници и претставници од други институции.



