На 29 април (сабота ) од 9.30 до 13.30 нашето училиште за прв пат беше организатор и домаќин на регионалниот натпревар по англиски јазик Spelling Bee. Благодарение на волонтерите од Мировниот Корпус и наставниците по англиски јазик натпреварот беше успешно одржан и се одвиваше согласно претходно дадениот распоред.
На натпреварот учествуваа учениците од V одделениедо до II година средно кои успешно го поминаа училишниот натпревар. Гостите од другите училишта после регистрација се упатија во салата каде имаше поставени хамери на кои преку графити со зборови можеа да творат додека го чекаат почетокот на натпреварот.
Желбата и интересот за учество на натпреварот Spelling Bee се поголем од година во година. Од секое одделение нашето училиште испрати претставници, кои се натпреваруваа, дружеа и добија сертификати за учество. На наше огромно задоволство 2 ученика од нашето училиште успешно ги поминаа клалификациите од регионалниот натпревар и ќе не претставуваат на државниот натпревар во Скопје. Ученичката Стефани Максимовска од VII б под менторство на професорка Јасмина Апостоловска и ученикот Андреј Денковски од V одд. Д. Којнаре под менторство на професорка Славица Стојчевка. Им посакуваме многу успех и на државниот натпревар на 27ми мај.
Дел од натпреварот беше снимен и документиран од телевизија Плус.Изјава за текот на настанот даде професорот Бобан Ничевски како еден од организаторите на денешниов регионален натпревар.








слике

