
Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас!
Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаваат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет. Детската недела ги промовира правата на децата кои треба да ги уживаат во нивниот раст и потребната заштита која треба да им биде обезбедена од страна на институциите за да им се овозможи среќно и безгрижно детство.
Директорката на првачињата и на дечињата од градинката „Синоличка“ им посака топло добредојде и им го порача следново:

Да се биде дел од Детската организација е достојно за восхит бидејќи тоа е организација која ги насочува децата кон почитување и помагање на другарчињата. Денес нашите ученици испратија искрени пораки и повикаа на учење, другарување и почитување. Најубаво е кога се прославува со игра и песна! Детето има дарба на посебен начин да му додава радост на секој нов ден!
Холот и дворот на нашето училиште беа исполнети со многу радост, позитивна енергија и насмевки на детските лица. Децата имаат права и обврски и истите ги претставија низ неколку прекрасни интерпретации и песни кои ги подготвија со нивните учителки.

Голема благодарност до тимот на Детска организација: Дејана Алексовска, Игор Трајковски и Александар Стефановски.