Соопштение за прекин на работата на училиштето

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Почитувани родители и ученици,

Врз основа на мерката број 2 од Нацрт-записникот од Петнаесеттата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 10 март, 2020 година, ООУ „11 Октомври“ Куманово престана со работа на 10 март 2020 година за период од 14 дена со цел заштита на учениците и вработените во училиштето поради ширењето на новиот коронавирусот SARS-CoV-2  и болеста Covid-19 во светски рамки. Оваа мерка е спроведена на ниво на државата, а содржината на мерката е следнава:

- да се прекине со воспитно-образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период. (Записник од Четвртата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи во координација со Записникот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство)

Извадокот од Нацрт-записникот можете да го преземете на следникот линк.

Додека трае периодот на самоизолација на граѓаните, јавниот сервис МРТВ започнува со примена на интернет-настава преку проектот ТВ училница во соработка со ОХО (в. линк од една епизода). Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и други релевантни субјекти ќе истапи со план за учење во домашни услови во кое ќе учествуваат наставниците и учениците.

Ќе бидете навремено известени од страна на наставниците штом се донесат конкретни упатства за работа.

Ви благодариме однапред за вниманието и соработката!

Раководниот орган и наставниците од училиштето

 

СТАТУТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО