Дисеминација на обука за диференцирано учење и индивидуализирана настава

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

20170111 122727 360x640

Две колешки Лепосава Пешиќ и Снежана Ристовска од нашето училиште присуствуваа на обука за диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница подржана од УНИЦЕФ. Предавач на обуката беше др. Едина Кромпак од Универзитетот за применети науки и уметности од Базел, Швајцарија. 

На 11ти и 12ти јануари колешките кои се членови на Инклузивниот тим  извршија дисеминација и  споделија стратегии и активности за настава која одговара на разликите помеѓу учениците. Во текот на неколку сесии одделенскиот наставник Лепосава Пешиќ и Снежана Ристовска наставник по математика ги разработија следниве теми: инклузивно образование, клучни елементи на диференцирана училница, прилагодување на наставни планови, колаборативно учење, различни видови на оценување, градење н класна заедница и соработка со семејства.

20170111 113800 640x36020170111 115418 640x36020170111 115233 640x345