Eдна од целите на инклузивното образование е создавање култура и систем на вредности во училиштата според кои се вреднуваат сите ученици без оглед на различноста на нивните потреби.Инклузивното образование овозможува користење на низа стратегии и техники кои го олеснуваат процесот на учење и поучување,особено кај учениците со потешкотии во учењето.Формативното оценување е вистинското во следењето на постигањата и оценувањето на учениците кое ке овозможи подобар увид во напредувањата на сите ученици ,а со тоа и на учениците со потешкотии во учењето.
Дисеминацијата се одржа на 10 и 11 февруари 2016 година во училиштето од страна на обучувачи одделенските наставници: Зорица Јакимовска и Лепосава Пешиќ каде им беа пренесени сите осум теми од Формативното оценување кај ученицитее со потешкотии во учењето.На дисеминацијата учествуваа сите одделнски наставници ,психолог,педагог, библиотекар,професори по англиски јазик и советничката Маријана Варџиска.