Back To Top

foto1 foto2 foto3 foto4 foto5

Рејтинг на корисник: 4 / 5

Активна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаАктивна ѕвездаНеактивна ѕвезда
 

Preview

FB page

Образовниот ресурс Mythos е блог-платформа наменета за сите љубители и почитувачи на духовното и материјалното творештво на старите Хелени и Римјани, како и на општествено-историските услови во кои созревале и се развивале овие древни европски култури.

Пред сè, тој е наменет за потребите на учениците кои го избрале изборниот предмет класичната култура во европската цивилизација во VI одделение. Изобилува со проширени податоци за природата на предметот, со интерактивни наставни материјали за работа на час, со истакнати ракотворби и активности на учениците, како и со мултимедијални содржини за сеопфатно аудио-визуелно доживување на хеленската и римската култура кои ги удриле темелите на современата европска цивилизација.

Притиснете на сликата долу за да се пренасочите кон надворешниот блог Mythos

Mythos Blog Page Title

Покрај блогот, предметот има и сопствена образовна страница на Фејзбук на која администраторите постојано објавуваат содржини кои се изучуваат на наставата и изработки од учениците со фотографски материјал. Исто така, ги известуваат учениците за сите претстојни активности поврзани со обработките на темите по кои е организирана наставната програма по предметот.

Притиснете на сликата долу за да се пренасочите кон страницата Mythos на платформата на Фејзбук

FB page banner

sound by Jbgmusic

ООУ „11 ОКТОМВРИ“

ул. Тодор Велков б.б.

1300 Куманово

тел/факс: +389 31 424 235