II место на КРЕФ 2017

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Untitled765 640x365Учениците од V одделение од подрачно училиште Д.Којнаре освоија II место на КРЕФ во категорија Minecraft акција 2017. "КРЕФ" е меѓународен фестивал на едукативни филмови во кој учесниците можат да се натпреваруваат во 3 категории: липдуб, едукативен филм и Minecraft. Оваа година на фестивалот учество зедоа 3 земји Македонија, Србија и БиХ, а беше отворен за учество на ученици, едукатори и стручни соработници од сите основни училишта, како и од градинките. Главни организатори беа учителката Весела Богдановиќ од Битола и Зоран Илиќ од Лесковец.   

Темата на фестивалот во категоријата Minecraft беше „И јас си имам супер план за урбанистичко уредување на мојот град/село”а учество зедоа Миљан Јакимовиќ, Лео Јосев, Викторија Апостоловска, Петар Драгановски и Мартина Јовановиќ. Учениците предложија и одлучија да го уредуваат и изградат училишниот двор  преку компјутерската игра Minecraft. Под менторство на професорката Славица Стојчевска тие тимски истражуваа,  креираа  и беа ставени во улога на креатори на својата средина и нивните идеи и предлози на креативен начин ги остварија и прикажаа користејќи ја играта Minecraft. И така заеднички сплотени работеа по редовните часови за да го изработат и испратат финалното видео кое најпрвин влезе во 15 финалисти со најдобро претставени идејни решенија за просторно  уредување.   Наставниците менторите на сите финалисти беа повикани на свечено прогласување на победниците на крајот на септември во Културен дом во Лесковец. Покрај доделување на сертификати на завршниот настан имаше и работилници од познати актери, режисери и професори за филмот, анимација и глума како наставно средство во образованието.

Честитки до учениците од V одделение за врвниот успех и продолжете смело напред со бележење нови победи и успеси.

istazuvame 1 800x529istrazuvanje 1 800x506MInecraft 1 800x422Minecraft 2 800x488minecraft 3 800x421minecraft 4 800x420minecraft 5 800x472Minecraft final 800x430Leskovac Kulturen dom 2Leskovac Kulturen dom 1proglasuvanje 800x450kref ucesnici 1rezulti od nagradeni kategorii 800x373слики

 

СТАТУТ НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ

ГОДИШНА ПРОГРАМА И ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА УЧИЛИШТЕТО

САМОЕВАЛУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

РАЗВОЈНА ПРОГРАМА НА УЧИЛИШТЕТО